Брз "лахмаџун"
Два месеци го мислев овој лахмаџун, дури и си порачав од едно место, но верувајте оваа имитација на лахмаџун е ПРЕдобра! Го правевме веќе двапати и верувам дека овој оброк ќе биде редовно на мени.
За лесен meal prep, замрзнете ги готовите тортиљи со месо и само испечете ги кога сакате 😌
Чекори на подготовка
- - Изблендирајте ги состојките смесата со мелено месо.
- - На секоја тортиља ставете 80-100г мелено месо и убаво распоредете го со лажица.
- - Загрејте нелепливо тавче на средна до висока температура и на малку масло гответе ја секоја тортиља додека месото не добие убава боја. Потоа превртете ја тортиљата и оставете кратко да се испече и другата страна. Повторете со сите тортиљи. Може и без масло.
- - На крај, додадете салата по желба и уживајте
Намирници
- 500 г мелено месо јунешко или мешано
- 1 кромид
- китка магдонос
- 1 лажица Дафинка зачин
- лук во прав бибер, црвен пипер
- пиперка по желба
- 5-6 тортиљи
- масло
- салата: марула патлиџан, црвен кромид, магдонос, лимон по желба
- опционално: грчки јогурт
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments