Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.
Печени сендвичи
Мартина Илова
Дефинитивно после првиот залак знаев дека е моето ново омилено јадење.
Толку сочно, вкусно, но и мноогу крцкаво.
подготовка 10 minutes mins
готвење 15 minutes mins
вк. време 25 minutes mins
Во мала подлабока тава или тенџере запржете го месото, заедно со маслото и зачините.
Откако ќе се запржи, додадете го кечапот и оставете уште 2-3 минути на оган.
Лепчињата наредете ги во тава врз хартија за печење.
На половина од нив ставете од месото, а на останатата половина наредете чајна.
Врз чајната додадете мајонез со бибер.
Изрендајте кашкавал и додадете го врз сите лепчиња.
Поклопете и премачкајте со масло за јадење.
Печете во претходно загреана рерна на 200С околу 5 минути, исклучете ја и оставете да стојат во неа уште 10 минути.
Послужете со мајонез или додаток по желба.
- 6 бургер лепчиња
- 200 г мелено месо
- 100 мл кечап
- Масло за јадење
- 1 лажиче вегета Дафинка
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер
- 200 г кашкавал
- 100 г чајна
- Мајонез со бибер