Печени сендвичи
Дефинитивно после првиот залак знаев дека е моето ново омилено јадење.
Толку сочно, вкусно, но и мноогу крцкаво.
Чекори на подготовка
- Во мала подлабока тава или тенџере запржете го месото, заедно со маслото и зачините.
- Откако ќе се запржи, додадете го кечапот и оставете уште 2-3 минути на оган.
- Лепчињата наредете ги во тава врз хартија за печење.
- На половина од нив ставете од месото, а на останатата половина наредете чајна.
- Врз чајната додадете мајонез со бибер.
- Изрендајте кашкавал и додадете го врз сите лепчиња.
- Поклопете и премачкајте со масло за јадење.
- Печете во претходно загреана рерна на 200С околу 5 минути, исклучете ја и оставете да стојат во неа уште 10 минути.
- Послужете со мајонез или додаток по желба.
Намирници
- 6 бургер лепчиња
- 200 г мелено месо
- 100 мл кечап
- Масло за јадење
- 1 лажиче вегета Дафинка
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер
- 200 г кашкавал
- 100 г чајна
- Мајонез со бибер
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
Вкусно😍