Во помало тенџере измешајте ги кокосовото млеко, млекото, ванилиниот шеќер и кремот со ф'стаци. Загрејте ги состојките, но не дозволувајте да врие, туку само да се стопи убаво кремот. Мешајте постојано.
Тргнете го тенџерето од плоча, ако е ептен врела смесата почекајте малку да се олади пред да го измешате желатинот. Желатинот нема да работи ако е врела смесата. Мешајте убаво.
Поделете ја смесата во силиконски мафини, или па некои чашки по желба и ставете ги во фрижидер да се сретнат неколку часа или најдобро преку ноќ.
.
За преливот од малини, во тенџерче стопете ги малините и другите состојки. Ако не сакате да има семки преливот, откако ќе се загрее убаво ставете го во цедалче и убаво мешајте додека во цедалчето ви останат само семките.