Пана кота со крем со ф'стаци
Спој на различни вкусови и текстура од соништата.
Чекори на подготовка
- Во помало тенџере измешајте ги кокосовото млеко, млекото, ванилиниот шеќер и кремот со ф'стаци. Загрејте ги состојките, но не дозволувајте да врие, туку само да се стопи убаво кремот. Мешајте постојано.
- Тргнете го тенџерето од плоча, ако е ептен врела смесата почекајте малку да се олади пред да го измешате желатинот. Желатинот нема да работи ако е врела смесата. Мешајте убаво.
- Поделете ја смесата во силиконски мафини, или па некои чашки по желба и ставете ги во фрижидер да се сретнат неколку часа или најдобро преку ноќ.
- .
- За преливот од малини, во тенџерче стопете ги малините и другите состојки. Ако не сакате да има семки преливот, откако ќе се загрее убаво ставете го во цедалче и убаво мешајте додека во цедалчето ви останат само семките.
Намирници
- • 1 конзерва кокосово млеко
- • 100мл млеко по избор
- • 1 кесичка желатин ставен во 1-2 лажици вода да набабри
- • ванилин шеќер/екстракт
- • 100-150г Луна крем со ф'стаци
- .
- Прелив од малини
- • 1ипол чаша малини
- • ванилин шеќер
- • малку мед по желба
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments