Дел од денот: вечера, ручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.
Индиски дал
tea trpovska
Индиски дал, супа од црвена леќа
подготовка 30 minutes mins
готвење 30 minutes mins
вк. време 30 minutes mins
Во тавче, нека се загрее зејтинот. Ставете го зеленчукот и гответе додека да омекне.
Ставете ги зачините, измешајте и ставете ја леќата, кечапот, налејте вода и оставете да се вари 30 минути на средно ниска температура.
Пред крај, ставете сок од пола лимон, па сервирајте со грчки јогурт, нане и варено јајце.
- 1 шолја црвена леќа
- 4 лажици масло
- 1 големо лукче
- 2 кромитчиња
- 1 лажица изрендан ѓумбир
- 1 лажица куркума
- 1 лажица кимион
- 1 лажица кечап
- ливчиња ловоров лист
- Сол по вкус
- 4 шолји вода
- Сок од 1/2 лимон