Обложи тавче со големина 20x20цм со пластична фолија.
Измешај ги млекото, какаото, чоколадото, ванилата и гризот и готви ги со постојано мешање додека не згусне убаво.
Гризот мора да е добро сварен.
На крај, кога ќе биде згуснато, додадете го кокосот или мелените јатки.
Префрлете ја смесата во тавчето и ставете ја да се згусне во фрижидер неколку саати или преку ноќ.
Кога ќе биде стегнато, превртете го и со мокар нож исечете 16 коцки.
Извалкајте ги коцките во кокос или мелени јатки.