Чоко коцки
Чекори на подготовка
- Обложи тавче со големина 20x20цм со пластична фолија.
- Измешај ги млекото, какаото, чоколадото, ванилата и гризот и готви ги со постојано мешање додека не згусне убаво.
- Гризот мора да е добро сварен.
- На крај, кога ќе биде згуснато, додадете го кокосот или мелените јатки.
- Префрлете ја смесата во тавчето и ставете ја да се згусне во фрижидер неколку саати или преку ноќ.
- Кога ќе биде стегнато, превртете го и со мокар нож исечете 16 коцки.
- Извалкајте ги коцките во кокос или мелени јатки.
Намирници
- 1 л млеко
- 180-200 г гриз
- 150 г чоколадо
- 4-5 лажици мед
- 50 г какао
- ванила екстракт
- 20-30 г мелени јатки или кокос
- кокос или мелени јатки за валкање
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments