Загреј ја рерната на 200 степени. Убаво измиј ги компирите. Исечи ги на половини, посоли ги и промачкај ги со маслиново масло. Преврти ги, лушпата да биде нагоре и боцни ги со вилушка на неколку места.
Печи ги околу 40 мин. (може и повеќе во зависност од големината)
Додека се печат компирите припржи го месото со зачини по желба и изрендај кашкавал.
Кога ќе бидат испечени компирите, преврти ги, испасирај ги малку и нареди месо, пченка или додатоци по избор и кашкавал. Врати ги во рерна да се стопи кашкавалот.
На крај додади грчки јогурт, sweet chilli сос и салата. Јас ги јадам со лушпа, така ми се повкусни, но може и без.