Дел од денот: вечера, доручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.
Пита со корнфлекс
Мартина Илова
Моето ново откритие на совршенство, на кое бев доста скептична за вкусот…но на крај излезе се совршено!
подготовка 10 minutes mins
готвење 25 minutes mins
вк. време 35 minutes mins
Изматете ги јајцата заедно со киселото млеко и солта.
Откако ќе ги изматите, додадете ги и останатите состојки постепено.
Смесата ставете ја во тава врз хартија за печење, наросете сусам и сув магдонос по желба.
Печете во рерна на 185С околу 25 минути.
Послужете со чаша јогурт или павлака.
- 250 г корнфлекс @vitaminka.mk
- 2 јајца
- 300 г кисело млеко
- 100 мл сончогледово масло @vitaminka.mk
- 200 г дробено сирење
- 2 лажички сол