Исецкај го зеленчукот и пилешкото. На една лажица масло испржи го пилешкото со сол, бибер, Дафинка и малку лук во прав. Кога ќе биде готово префрли го во тањир.
Во истото тавче на 1 лажица масло испржи го зеленчукот, ако го сакаш помек по потреба додади малку вода и покриј го со капак.
Кога ќе биде пропржен зеленчукот, стави индиски ореви, додади го пилешкото и на крај сосот. Мешај додека сосот се згусне.
Сервирај со долгозрнест ориз.
Намирници
• 500г пилешки стекисечен на помали ленти
• 1 поголема брокула
• 2 пиперки
• 1 црвен кромид
• солбибер
• Дафинка зачин
• зачин за пилешколук во прав
• 100г индиски оревисирови
За сос:
• 1 лажица густин измешана со 1 лажица вода
• 3-4 лажици соја сос
• 1/4 чаша вода60мл
• 1/4 чаша мед60мл
• лук во прав
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!