Ставете ја водата заедно со зејтинот да зовријат.
Откако ќе зоврие, ставете го брашното заедно со пецивото и исклучете го шпоретот.
Соединете ја смесата убаво и оставете да олади околу половина час.
Јајцата додавајте ги едно по едно, па убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.
Ставете ја смесата во алатка за толумби или поголем шприц и формирајте ги врз хартија за печење.
Печете околу 18 минути на 200С, без да ја отворате рерната.
Во меѓувреме подгответе го шербетот.
Откако ќе се испечат, ставете ги во шербетот да постојат околу 3-4 минути.
Пред послужување, оставете да впие шербетот околу 2-3 часа.