Толумби

by | Мар 27, 2024 | 0 comments

Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.

Толумби

Мартина Илова
Направени по традиционален рецепт, превкусни и сочни…ги снемува за 5 минути 🤤
подготовка 30 minutes
готвење 20 minutes
вк. време 50 minutes

Чекори на подготовка
 

Подготовка:

  • Ставете ја водата заедно со зејтинот да зовријат.
  • Откако ќе зоврие, ставете го брашното заедно со пецивото и исклучете го шпоретот.
  • Соединете ја смесата убаво и оставете да олади околу половина час.
  • Јајцата додавајте ги едно по едно, па убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.
  • Ставете ја смесата во алатка за толумби или поголем шприц и формирајте ги врз хартија за печење.
  • Печете околу 18 минути на 200С, без да ја отворате рерната.
  • Во меѓувреме подгответе го шербетот.
  • Откако ќе се испечат, ставете ги во шербетот да постојат околу 3-4 минути.
  • Пред послужување, оставете да впие шербетот околу 2-3 часа.

Намирници
  

  • 500 мл вода
  • 1 филџан зејтин Брилијант
  • 400 г брашно
  • 1 пециво Витаминка
  • 6 јајца

За шербет:

  • 600 мл вода
  • 900 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер Витаминка
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг