-Измешајте ги сите состојки за базата и половина распоредете ја рамномерно во сад за печење 20х20цм.
Рачно изматете ги јајцата и грчкиот јогурт, па потоа додадете ги другите состојки за филот. Пазете да нема грутки. Рамномерно распоредете ја смесата во садот. Додадете мармалад или свежо овошје и другата половина од базата изронете ја од горе.
Печете во загреана рерна на 160°С околу 30 мин или додека не се стегне смесата.
Сервирајте оладено.
Намирници
БАЗА
• 100г мелени овесни снегулки
• 100г Деспина колачиња
• 100г кокосово масло
• по потреба 1-2 лажици млеко
.
ФИЛ
• 300г грчки јогурт
• 3 лажици мед/шеќер од урми
• 3 лажици густин
• 3 јајца
• ванилин екстракт
.
Додаток
• мармалад или свежо овошје по желба
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!